Работнички против Пелистер за излез од резултатската криза!

Работнички денеска од 14:30 часот на арената „Филип Втори“ го очекува исклучително значаен натпревар против Пелистер во рамките на 11. првенствено коло од Првата македонска фудбалска лига.

Составот на Горан Станковски веќе се наоѓа во незавидна ситуација на првенствената табела на претпоследната позиција, па без сомнение посакува бодови од денешната пресметка со „зелените“ од Битола. „Романтичарите“ сметаат дека ова е дуел и за излез од резултатска криза…

„Против Шкендија во Купот одигравме навистина на високо ниво, и само среќата во пенал – рулетот не дозволи да се пласираме во следната рунда. Но, мислам дека тоа е добар знак како нашата игра сега е на многу повисоко ниво, па очекувам да продолжиме со уште подобри изданија и да излезме од кризата. Со многу борба и залагање, и максимална посветеност, мислам дека можеме да оствариме позитивен резултат и на неделниот дуел против Пелистер. Тоа е тим што претендира за излез во Европа, спој на младост и искуство, кој има несомнен квалитет, но и нашата самодоверба сега е зголемена и ќе се обидеме тоа да го преточиме во добар настап“ – вели крилниот офанзивец Кире Маркоски.

ДВОЈКИ – 11. КОЛО (денеска, 14:30 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Прилеп: ПОБЕДА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА

Се вчитува...