Работнички против Шкендија на мегдан под Шара во дербито на 5. коло

По паузата поради настапите на репрезентацијата продолжуваат и прволигашките возбудувања на домашната фудбалска сцена… Дербито на 5. коло од ПМФЛ во Тетово каде од 15:30 часот Шкендија под Шара го пречекува лидерот Работнички.

„Романтичарите“ по стартниот пораз потоа нанижаа три едноподруго победи во шампионатот со кои во моментов се на лидерската позиција. Токму поради тоа се повеќе од сериозен тест и за Шкендија, која по завршувањето на европските настапи, сега комплетно се фокусира на домашната сцена и желбата за одбрана на шампионската титула сезонава.

Во таборот на Шкендија неизвесни за настап за офанзивците Стенио Жуниор и Изаир Емини. Тие заработија ситни повреди. И покрај тоа што не се работи за нешто посериозно сепак неизвесно е дали ќе бидат во комбинација за настап, исто како и Мевљан Мурати.

ПМФЛ – 5. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ВАРДАР – ШКУПИ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА

Битола: ПОБЕДА – РЕНОВА

Турново: АК. ПАНДЕВ – СИЛЕКС

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...