Работнички против Силекс под рефлектори во сабота

Работнички својот натпревар од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига против екипата на Силекс ќе го игра во сабота (18. август) во вечерен термин со почеток од 20 часот.

„Стручниот штаб и раководството се одлучија да го вратат вечерниот термин како препознатлив знак на одигрување на натпреварите на „романтичарите“, меѓу другото и поради актуелните временски услови во главниот град.  Па, по барањето за одигрување на натпреварот во сабота од Фудбалската федерација на Македонија попладнево пристигна и официјалната потврда на новиот термин“ – информираат од ФК Работнички на својата официјална интернет страница.

Се вчитува...