Работнички „раскина“ со Мираковски

Работнички оваа сезона се стремеше да се врати во европските височини во кои припаѓа нашиот најтрофеен клуб, но центарци тотално потфрлија во регионалната АБА2 лига, а лошата сезона продолжи и на домашниот фронт во кој „црвено-белите“ беа поразени во финалето од Купот на Македонија од вечниот ривал, а борбата за титула во првенството го завршија во полуфиналето.

Тоа го примора тимот кој долги години настапуваше во „Градски Парк“ за промени во оф-сезоната, а прв кој го напушта клубот е тренерот Димитар Мираковски. Младиот стратег по завршувањето на играчката кариера доби шанса да биде предводник на клубот во кој има статус на легенда, но не успеа да направи успех.

Засега останува непознато кој ќе го наследи Мираковски на клупата на „црвено-белите“, а „слободни агенти“ се двајцата поранешни стратези Марјан Србиновски и Емил Рајковиќ кои успешно го водеа тимот во минатото.

Се вчитува...