Македонскиот претставник во Лигата на Европа, тимот на Работнички, ремизираше (1-1) против словенечкиот прволигаш Домжале, на последниот пријателски натпревар на подготовките во Словенија. „Романтичарите“ први дојдоа до водство на овој дуел, но Домжале успеа да израмни. Словенечкиот тим исто така ќе настапува во квалификациите за Лигата на Европа, а во составот има и двајца македонски интернационалци, Агим Ибраими и Зени Хусмани.
Во првиот немаше голови на овој тест меч, но Работнички поведе во 56.минута. Чарлс Гофри успеа да го надмудри противничкиот голман Милиќ. Во 78.минута, Леон Најдовски го фаулираше Николсон во шеснаесетникот, и беше досуден пенал за Домжале. Во гол го претвори Сенијад Ибричиќ, некогашниот фудбалер на Вардар, кој го совлада Ристо Јанков.
Претходно, Работнички имаше пет порази на пријателските натпревари во текот на овие летни подготовки. Загуби од Славија Софија (0-3), од Динамо Загреб (0-4), од Сараево (1-2), од Раднички Ниш (0-3) и од Лифтетари (1-3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА