Работнички ремизираше против Витоша Бистрица

Работнички ја заокружи мини – турнејата во Бугарија со реми (1-1) против бугарскиот тим Витоша Бистрица. По вчерашниот минимален пораз од АЕЛ Лимасол, денеска тимот на Ѓоре Јовановски одигра уште еден меѓународен пријателски меч. Стрелец на погодокот за Работнички беше Игор Недељковиќ.

Како што информира Работнички на својот официјален сајт, тренерот Ѓоре Јовановски на стартот од дуелот им даде шанса на следните фудбалери: Божиновски, Стевиќ, Митрев, Најдовски, Борха, Ацковски, Стјепановиќ, Стевановиќ, Бопесу, Недељковиќ, Петковски. Во вториот дел беа направени повеќе замени во двете екипи.

Се вчитува...