Работнички сака пролетен континуитет, Академија Пандев со нов тренер ќе „бега“ од кризата

Работнички нема пораз оваа пролет, иако доживеа елиминација во Купот од Шкендија. Тренерот Ратко Достаниќ најави дека приоритет е да се продолжи пролетната низа на позитивни резултати, а секој натпревар е нов предизвик. На арената „Тодор Проески“ денеска (13 часот) ќе гостува составот на Академија Пандев кој има промена на тренерската позиција.

Александар Таневски ќе дебитира на кормилото на „пандевци“ и ќе го наследи Југослав Тренчовски. Струмичани се надеваат дека промената ќе донесе и крај на резултатската летаргија.

„Голема чест е да се биде тренер на Академија Пандев, можам да ветам напорна работа и се надевам дека тоа ќе донесе подобри резултати во периодот што следи“, истакна Таневски во пресрет на денешниот дуел.

Другите натпревари од 22.коло ќе бидат одиграни утре, Вардар гостува кај Ренова, а Шкендија исто така е гостин на Борец во Велес. Сите мечеви ќе се одиграат без присуство на публика поради мерките за безбедност од коронавирусот.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 22.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (денеска, 13 часот)

РЕНОВА – ВАРДАР (утре, 13 часот)

БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА (утре, 14 часот)

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

Се вчитува...