Работнички се „коцкаше“, но закажа полуфинале против Еуро Никел

Работнички го осигура местото во полуфиналето од домашното првенство откако во вториот четвртфинален меч против ТФТ славеше со 80-86. Избраниците на Мираковски денеска ги служеше шутот за три поени, сегмент од играта од кој постигнаа 48 поени, па во поголемиот дел од средбата имаа висока предност која во третата четвртина изнесуваше и +17. ТФТ успеа целосно да се врати во мечот во последните десет минути, но домаќините немаа сили за изедначување на серијата.

Работнички иницијативата ја превзема од самото отварање на мечот. Шутот ги служеше „црвено-белите“ кои постигнаа пет тројки во првите десет минути па на крајот на првата четвртина поведоа со 14-25. ТФТ ги консолидираше редовите до полувреме, заигра подобро во нападот, но успеа само минимално да ја намали предност на нашиот најтрофеен тим (33-42).

Одличниот ритам на Работнички продолжи и во второто полувреме па избраниците на Мираковски стигнаа и до предност од 17 поени (39-56), но финишот на третата четвртина им припадна на домаќините кои по 30. минути игра имаа негатива од 53-63. Добриот моментум на ТФТ продолжи и во последната четвртина во која „црно-белите“ стигнаа и до предност од 64-63, но Работнички навреме ги консолидираше своите редови и заигра на претпознатливото ниво па приреди мирен финиш на средбата.

Амир Смит со дабл-дабл од 17 поени и 19 скока го предводеше ТФТ, додека него го следеа Бејли и Николов со по 16 поени. Американцот додаде 4 скока, додека Македонецот натпреварот го заврши со 5 скока. Ерик Питс беше незапирлив во редвоите на Работнички со 29 поени, 6 скока и 4 асистенции, 13 поени и 4 асистенции додаде Младеновиќ, додека со по 12 поени натпреварот го завршија Караџовски и Младеновски.

Во полуфиналето од првенството нашиот најтрофеен клуб ќе се сретне против Еуро Никел кој денеска забележа гостинска победа во „Младост“ против Гостивар.

Се вчитува...