Работнички се надева дека Тетово ќе биде пресвртница

Работнички не ја стартуваше најдобро пролетната полусезона, а ќе се обиде да направи пресвртница во Тетово против актуелниот шампион Шкендија. Тренерот Жикица Тасевски верува дека „романтичарите“ имаат квалитет и со еден поинаков пристап можат да стигнат до позитивен резултат.

„Ги увидовме грешките, работевме на нивно елиминирање и се надевам дека тимот ќе се претстави во многу подобро издание. Со еден поинаков пристап, со поголема желба, максимално залагање и пред се задржување на концентрацијата во текот на целиот натпревар, треба да дојдат и посакуваните резултати. Не стартувавме оваа пролет според посакувањата и ќе мора да се подобриме во сите сегменти. Шкендија е актуелен првак и лидер на табелата и сигурно е фаворит на домашен терен, но ние веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Жикица Тасевски за официјалниот сајт на клубот.

Натпреварот меѓу Шкендија и Работнички ќе се одигра утре на Градскиот стадион во Тетово, со почеток во 14.30 часот, а ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје.

Се вчитува...