Работнички се провлече во Гевгелија кај Кожув

Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија конечно врза две последовни победи во суперлигашката конкуренција. Го победи Кожув на гостувањето во Гевгелија со 79-85 во последниот натпревар од 7.коло во втората фаза од сезоната во домашниот шампионат.

Клучна за победата на Работнички беше третата четвртина која првакот ја доби со 18-26 и ја достигна предност што до полувремето ја направи домашниот состав. Во израмнетиот завршен период Работнички беше подобар само за четири поени и ја реализираше победата.

Чавдар Костов со 22 поени беше прв стрелец во победничкиот тим, Димитар Мираковски постигна 21. Кај Кожув, Игор Кесар имаше 25 поени.

Работнички е на вторто место на табелата со   бода, два помалку од лидерот МЗТ Скопје Аеродром. Гостивар и Блокотехна ги држат местата кои водат во плеј-офот. Кожув е петтопласиран. Следното коло е закажано за в среда.

Се вчитува...