Работнички се засили и со стоперот Немања Илиќ

Српскиот интернационалец Немања Илиќ е најновото засилување за ФК Работнички за сезоната 2019/2020.

26-годишниот Илиќ, кој игра на позицијата централен дефанзивец, потпиша едногодишен договор со „романтичарите“, во желбата за дополнително засилување на последната одбранбена линија.

Илиќ претходно во својата кариера има настапи за ФК Челарево и ФК Бачка во српските шампионати.

Се вчитува...