Работнички се засили со Асуерио, напаѓач од Бразил

Македонскиот прволигаш Работнички го доведе и второто засилување во зимскиот преоден рок. По Бугаринот Николај Дилгеров, во редовите на „романтичарите“ пристигнува и бразилскиот напаѓач Аусерио. 25-годишниот офанзивен фудбалер игра на централната напаѓачка позиција, но исто така може добро да се снајде и по крилните позиции. Тој доаѓа од бразилскиот клуб Гремио Еспортиво Анаполис, а има интернационално искуство и од Бахреин.

Тренерот Жикица Тасевски и раководството на клубот одлучија да направат одредени промени во тимот, досега од Дебар Маало заминаа шест фудбалери, меѓу кои и капитенот Остоја Стјепановиќ. Најавите се дека ќе пристигнат уште неколку нови засилувања до првата прозивка и стартот на зимските подготовки, која е закажана за 8 јануари.

 

Се вчитува...