Работнички се засили со Говенс од ТФТ Скопје

KK Работнички ги засили своите редови за новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига со Дарин Говенс.

Говенс зад себе има богата интернационална кариера, настапувајќи во првенствата на Исланд, Израел, Грција, Унгарија, Белорусија, Русија, Франција и Македонија, а во Работнички пристигнува од редовите на ТФТ Скопје.

Во својата кариера беше прогласен за МВП на унгарската лига (2017), ја освои шампионската титула во Унгарија (2019) и настапуваше за репрезентацијата на Унгарија.

Во минатата сезона на 26 одиграни средби просечно бележеше 11,3 поени, 3,2 скокови и 4,7 асистенции по натпревар.

Говенс е висок 185 см, настапува на позицијата плејмејкер, покрај тоа ја покрива и позицијата бек шутер. Важи за искусен организатор на играта, одличен шутер и вистински лидер на теренот.

Се вчитува...