Работнички се засили со Игор Недељковиќ

Претставникот во Лигата на Европа, тимот на Работнички, дополнително се засилува за новата сезона. „Романтичарите“ доведоа уште едно квалитетно засилување во овој летен преоден рок. Напаѓачот Игор Недељковиќ е нов член на клубот од Дебар Маало, откако потпиша едногодишен договор.

Српскиот интернационалец доаѓа од албанскиот клуб Фљамуртари, а познат му е македонскиот фудбал со оглед дека во минатото настапуваше за Силекс.

Се вчитува...