Работнички се засили со кошаркар од словачкото првенство (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Работнички во следната сезона ќе има сосема промент изглед. Од клубот заминаа речиси сите играчи кои претходната година ги бранеа „црвено-белите“ бои, замина и тренерот Мираковски, а него го наследи Тони Симиќ кој полека го составува тимот кој ќе се бори само во домашното првенство.

По ангажманот на Горјан Марковски, нов играч на скопскиот тим е французскиот интернационалец Ромен Луизер кој во Македонија доаѓа по една сезона помината во словачкото првенство каде на 36 одиграни натпревари за Приевидза бележи просек од 9.1 поен и 3.7 скока.

Луизер е висок 201 сантиметар и игра на крилните позиции, а претходно во својата кариера брои настапи и за младинската школа на Асвел, Универзитет Мисури во втората НЦАА лига, како и Форио во италијанската серија „Ц“.

Се вчитува...