Работнички се засили со крило од Босна и Херцеговина

Работнички полека го составува тимот кој следната сезона ќе се натпреварува само на домашното тло, а последен кој им се приклучи на „црвено-белите“ е интеренационалецот од Босна и Херцеговина, Недим Мустафица.

Станува збор за 30-годишен крилен играч висок 199 сантиметри кој во македонското првенство доаѓа од КК Промо кој се натпреварува во Првата лига на БиХ каде на 22 одигани средби бележи просек од 17.1 поен и 7.5 скока по натпревар.

„Добив понуда да играм во најтрофејниот македонски тим Работнички од Скопје. Одлучив да ја прифатам понудата и да направам нов чекор во својата кариера, да се пробам и во друго првенство освен во БиХ. Се радувам на новите предизвици со новиот тим. Се надевам дека соработката ќе биде успешна и на обострано задоволство и дека ќе ги исполниме зацртаните цели“, изјави Мустафица за босанските медиуми.

Се вчитува...