Работнички се засилува со Бразилецот Жунињо Кабрал

Во желбата за вистинско засилување на тимот за пролетниот дел од шампионатот, Работнички е пред можност за ангажман и на уште еден странец во своите редови, бразилскиот напаѓач Жунињо Кабрал.

„Романтичарите“ се пред договор со 26-годишниот Кабрал кој изминатава година настапуваше за Флоријана во шампионатот на Малта. Претходно, во својата кариера, има настапи и за Ботофаго и Аракса во Бразил како и за норвешкиот прволигаш Бран.

Претходно како што е познато, Работнички се засили со Бугаринот Николај Дилгеров како и Бразилецот Аусерио кој пристигна од бразилскиот клуб Гремио Еспортиво Анаполис.

Се вчитува...