Работнички шампионски мина низ Кавадарци

Втората четвртина од гостувањето кај Фени Индустри која шампионот ја доби со 25-11 беше клучна за триумфот на Работнички од 72-66 во 18.коло од македонскиот кошаркарски шампионат.

Фени беше подобар во воедната четвртина со 21-16, но потоа следуваа десетте минути во кои Работнички направи резултатски пресврт, во двата периода од вотрто полувреме, двата тиме беа резултатски израмнети.

Со 20 поени, Караџовски беше лидер во новиот успех на првакот, Костов постигна 13, Стајиќ 10. Лук Мајер со 17 поени беше прв стрелец во поразот  на Фени, Бакоч постигна 14, по 11 забележаа Фундербург и Петровски.

Работнички сега има ефкт од 14/2 и 30 бода, еден помалку од МЗТ, но и натпревар помалку од градскиот ривал. Фени Индустри со 27 бода останува на петтата позиција на табелата.

Се вчитува...