Работнички си ги врати талентираните Лазаров и Марио Станковски

Работнички ги врати во своите редови талентираните Андреј Лазаров и Марио Станковски, кои во иднина ќе го носат дресот на клубот од Дебар Маало.

Раководството на Работнички одлучи да ги врати и да им даде шанса да се наметнат со целиот свој потенцијал. Андреј Лазаров го носеше дресот на Тиквеш и имаше одлична полусезона, а Марио Станковски беше член на прволигашот Борец и покажа дека е суперталентиран напаѓач.

Се вчитува...