Работнички сигурен, Кожув без шанси во „Градски парк“

Кошаркарите на Работнички без многу мака ја остварија и третата победа во домашното првенство, на домашен терен триумфирајќи над Кожув со резултат 102-75. Актуелниот шампион повторно не можеше да смета на Ѓорѓи Чековски, но и без помошта на ветеранот Работнички рутински ја одработеа и оваа задача, задржувајќи го стопроцентнитот ефект од стартот на сезонава.

Избраниците на Докузовски го добија првиот период со 25-18, но во одбраната имаа сериозни проблеми со Радуловиќ, кој постигна десет поени за исто толку минути игра. „Центарци“ за момент се опуштија, а гостите од Гевгелија предводени од Штерјов знаеја како да го казнат тоа, па за момент стигнаа и до минимално водство (39-41). Чавдар Костов ги презеде работите во свои раце па Работнички до крајот на полувремето стигна до предност од 50-46, што првакот потоа во второто полувреме дополнително ја зголеми за заслужена убедлива победа.

Чавдар Костов со 29 поени беше главна фигура на овој натпревар, а одлична игра прикажа и Кире Николовски, реализирајќи 26 поени. Во редовите на Кожув најефикасни беа Радуловиќ со 15 и Штерјов со 11 поени.

Се вчитува...