Работнички со десетто засилување – „романтиката“ е во мода во мак-фудбалот

Работнички е најактивен клуб на фудбалскиот пазар зимава, откако „романтичарите“ вечерва го комплетираа и своето десетто засилувањ во овој преоден рок. Станува збор за Ерменецот Давид Манојан, откако „романтичарите“ вечерва го договорија и доаѓањето на овој 28-годишен играч, кој настапува на позицијата офанзивен играч за врска.

Само неколку часа по комплетирањето на трансферот на Бојан Ѓоргиевски, управата експресно го договори и трансферот на Манојан, непосредно пред завршувањето на преодниот рок. Ерменецот потпиша договор на една година, но го очекува период на борба за првотимски статус со оглед на неколкуте засилувања што Работнички ги доведе во средниот ред.

Манојан доаѓа во Работнички од полскиот второлигаш Сандецја, а претходно има настапувано за Алашкерт и за кипарскиот прволигаш Неа Саламис.

Се вчитува...