Работнички со една моќна четвртина го скрши отпорот на Куманово

Работнички триумфираше на контролниот натпревар против Куманово со резултат 87-75, со што тимот на Димитар Мираковски експресно се опорави од шокантниот пораз на претходната „контрола“ против новиот прволигаш ТФТ.

Денешниот натпревар во салата „Градски Парк“ го одбележа израмнета борба во три од четирите четвртини. Сепак, како клучен се покажа третиот период, во кој Работнички одигра беспрекорн во нападот, го доби овој дел од мечот со 31-20 и на тој начин си ја осигура победата.

Николовски и Ефремоски беа најефикасни во таборот на „центарци“, а кумановци покрај поразот се соочуваат со уште еден проблем, повредата на американскиот плејмејкер Шелби, на две седмици пред почетокот на новата сезона.

Се вчитува...