Работнички лесно со Кожув за потврда на врвот во лигата!

Кошаркарите на Работнички славеа лесна победа од 92-73 против Кожув во 20. коло од Првата македонска кошаркарска лига со што се издвоија осамени на врвот од табелата во шампионатот.

Тимот од Градски парк уште од самиот почеток на натпревар јасно даде до знаење кој е кој на натпреварот, па добивајќи ја првата четвртина со 21-8 јасно го насочи патот кон победата.

Во продолжението само рутински се одржуваше предноста за конечна убедлива победа.

Најдобар кај Работнички беше Џелетовиќ со 19 поени и шест скока, а Рикиќ заврши со „дабл-дабл“ од 17 поени и 10 скока. Со 16 поени и 8 асистенции мечот го заврши Триш. Кај Кожув се издвоија Пен со 22 поени и Вујадиновиќ со 17 поени.

Се вчитува...