Работнички убедлив против Гостивар во Куманово

Актуелниот шампион Работнички оствари убедлива победа над Гостивар (99-70) иако мечот како домаќин го одигра на наутрален терен во Куманово. Избраниците на Марин Докузовски уште од почетокот тргнаа фуриозно, го добија првиот период со 28-19, а на полувреме веќе имаа 19 поени предност (58-39). До крајот, се беше само рутина за составот од Градски Парк.

Чавдар Костов со 28 поени и Ѓорѓи Чековски со 20 поени беа предводници во тимот на Работнички на овој меч. Кај Гостивар, Тенксли Ефианаи и Диме Тасовски постигнаа по 12 поени.

Работнички со 23 победи и пет порази во моментот се наоѓа на второто место на табелата во Суперлигата.

 

Се вчитува...