Работнички убедлив против Гостивар

Екипата на Работнички го направи своето, и го совлада тимот на Гостивар со 104-84 во последното коло од регуларниот дел во кошаркарското првенство. Сега останува да го чека исходот од натпреварот ФМП – МЗТ, за да се види дали тие или „металците“ ќе бидат на првото место.

Работнички речиси во целиот тек на мечот со Гостивар, имаше контрола и на играта и на резултатот. Речиси цело време беше во предност, и само ја зголемуваше разликата до крајот.

И покрај тоа што Вилијамс кај Гостивар постигна 39 поени, тие не беа доволни за победа на гостите кои завршија на осмата позиција во регуларниот дел.

Се вчитува...