Работнички убедливо поразен од Динамо Загреб (4-0)

Македонскиот прволигаш Работнички доживеа убедлив пораз (4-0) од хрватскиот првак Динамо Загреб. Пријателскиот натпревар кој се одигра на теренот „Хитрец“ блиску до „Максимир“, покажа дека Динамо Загреб сепак во моментот е многу поквалитетен тим од составот на Ѓоре Јовановски, кој се подготвува за настап на европската сцена, и во првото коло од Лигата на Европа ќе ги одмери силите со унгарскиот Хонвед.

Марио Шитум го отвори резултатот во 15.минута, а истиот фудбалер зголеми на 2- 0 во 28.минута. Пред крајот на првиот дел, во 43.минута, Дино Периќ го постигна третиот погодок за „модрите“.

Во вториот дел, Динамо Загреб преку Марин го постави конечниот резултат 4-0 и оствари убедлив триумф.

Претходно, „романтичарите“ загубија со 3-0 од бугарскиот прволигаш Банско на тестот одигран во Банско.

Се вчитува...