Работнички убедливо поразен од Славија Софија на првиот тест летово

Фудбалерите на Работнички со убедлив пораз од бугарскиот прволигаш Славија Софија го почнаа подготвителниот период за настапите во квалификациите од Лигата на Европа.

На дуелот кој се одигра во Разлог, Банско, „романтичарите“ загубија од Славија со 0-3. Стрелци на головите за Бугарите беа Милчо Ангелов во 8. минута, Филип Крстев во 68. минута и Тони Иванов во самиот финиш од мечот.

Следните пријателски дуели на Работнички ќе бидат за време на подготовките во Терме Чатеж, Словенија.

Се вчитува...