Македонскиот прволигаш Работнички ги договори меѓународните тестови за подготовките во Анталија. Тимот на Жикица Тасевски ќе одигра тест – мечеви против грузискиот тим Сабуртало, корејскиот состав Поханг стилерс и против српскиот првак Црвена Звезда.
Одредени се и термините. На 1. февруари Работнички ќе тестира со грузискиот тим Сабуртало, ден подоцна ќе ги одмери силите со корејскиот клуб Поганг стилерс, а на 5.февруари ќе следи натпреварот против српскиот првак и годинашен учесник во Лигата на шампионите, составот на Црвена Звезда.
„Романтичарите“ во турскиот туристички центар ќе заминат на 25.јануари, ќе бидат сместени во хотелот „Миракл“ и ќе престојуваат до 6.февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА