Работнички во финишот го урна отпорот на ФМП Академија

Работнички стигна до домашна победа над ФМП Академија со 68-66 во натпревар од 22. коло во кошаркарската Суперлига. Клучна во натпреварот беше последната четвртина во која домаќините со одлична игра во одбраната успеаја да стигнат до победа против тимот од Кисела Вода.

Филип Бундовиќ со 19 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Роналд Харис уфрли 22 поени.

Се вчитува...