Работнички во пол-позиција за Европа: Сами решаваме за нашата судбина во последното коло

Работнички остана непоразен на гостувањето во Кратово играјќи без голови против Силекс и ја задржа третата позиција на табелата во пресрет на последното коло. „Романтичарите“ в недела на арената „Филип Втори“ ќе го нагостат Скопје и сами си решаваат за својата судбина.

„Одигравме фајтерски натпревар против Силекс во Кратово и ја остваривме целта, да останеме непоразени. Сега ни преостанува последното коло и дуелот против Скопје, во кој сами ќе си решаваме за нашата судбина. Честитки за фудбалерите, затоа што во последните неколку натпревари издржаа голем психолошки притисок, а сега ќе се фокусираме максимално на последниот меч и се надеваме дека добро ќе ја завршиме работата“, изјави шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски, за официјалниот сајт на клубот.

Се вчитува...