Работнички во само една четвртина доживеа потоп од Широки брег

Кошаркарите на Работнички загубија убедливо во АБА2 лигата од Широки брег со 106-77 значително намалувајќи ги шансите за место во разигрувањето за пласман во елитното регионално натпреварување.

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив добро го почна мечот одржувајќи ритам во првото полувреме кое го заврши со своја предност од 35-37.

Но Работнички доживеа вистински потоп во третата четвртина која ја загуби со неверојатни 41-18. Тоа значеше и пораз на крајот од убедливи 29 поени разлика.

Во таборот на Работнички најпрецизни беа Балмазовиќ и Питс со по 22 поени, колку што постигна и Томас кај Широки брег.

Се вчитува...