Работнички го совлада Куманово со убедливи 97-81 во натпревар од 11. коло од првата кошаркарска лига на Македонија. Гостите од Куманово одиграа солидно прво полувреме во кое по првите десет минути имаа предност (17-21), додека на пауза заминаа со негатива од само 40-37.
Распад на кумановци се случи во третиот период кој го загубија со (31-13), дел од играта во кој Работнички ги разреши сите дилеми околу победникот. До крајот само рутински го приведоа мечот до крај за конечни 97-81.
Мустафица со 24 и Пол со 23 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај поразените Абром заврши со 19 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА