Денеска се играат два натпревари од 11. коло во Првата лига. Во Гостивар, Арсими губи од Работнички, додека во Ѓорче Петров, Македонија ЃП и Башкими играат без голови, благодарение на голманите кои се одлични на овој меч.
Работнички има предност од 0-2 во Гостивар над Арсими, со два гола за само една минута.
Најпрво Демир Имери постигна прекрасен погодок, откако го совлада Исљами од 20-25 метри со одличен удар.
Само што тргнаа од центарот, домашните загубија топка, па по центаршутот од десната страна, Дрљевиќ си постигна автовол за предност на „романтичарите“ од 0-2.
Претходно на Работнички при 0-0 му беше поништен гол на Трајков поради офсајд.

Во Ѓорче Петорв, првата шанса ја имаше домашниот тим преку Софијановски кој шутираше само над голот. Гостите во 12. минута вратија со тројна шанса, но сите обиди на Мемети, Авронијо и Симоновски ги одбрани Ристе Јанков.
Следуваа ревија на одбрани на Лука Стојковски на спротивната страна. Најпрво голманот на Башкими го одбрани обидот на Христов од само 2-3 метри, а потоа и оној на Гереро исто од непосредна близина. Во 30 минута одново Стојковски брани по ударот на Талаков.
Претходно Јанков го одбрани и обидот на Алими кој беше млак, но многу незгоден затоа што се одби од некој од одбраната. Шанса пред самиот финиш имаше повторно Христов, но во последен миг беше изблокиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

