Работнички за продолжување на серијата, Шкендија ќе го поправа киксот од Струмица

Работнички оствари две значајни победи во изминатите две првенствени кола, совладувајќи ги Пелистер (2-0) и Вардар (3-1). Но, избраниците на Горан Станковски сакаат позитивната серија да продолжи, па затоа се максимално фокусирани и за денешниот дуел со Шкупи (13.30 часот) на арената „Филип Втори“, во рамките на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Голманот Даниел Божиновски вели дека мечот со Шкупи е екстремно важен, токму од тој агол. Работнички сака да ја продолжи позитивната низа.

„Остваривме две многу значајни победи, против Пелистер и против Вардар. Но, сега не сакаме да застанеме, туку да продолжиме со победите. Утре ни гостува Шкупи, и тоа е многу важен натпревар за нас. Доколку победиме, ќе биде тоа една убава серија која ќе не вивне и многу погоре на првенствената табела. Треба да останеме фокусирани, да одиграме максимално одговорно, да ги исполниме задачите од шефот на стручниот штаб и се надеваме дека ќе го совладаме и Шкупи. Тоа е квалитетен тим, кој умее да одигра добро на противнапади, но Работнички треба да ја наметне својата игра. Сега самодовербата во тимот е зголемена и верувам дека тоа ќе ни помогне да стигнеме до нови три бода и против Шкупи“ – истакнува Даниел Божиновски.

А, враќање, пак, на победите посакува Шкендија по поразот во претходното коло од 3-2 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.

Сега тетовци ќе мора киксот од Струмица да го поправаат на дуелот против Победа во Прилеп, кои на претходниот натпревар пред своите навивачи на стадионот „Могила“ го изненадија Вардар. Сега посакуваат ново изненадување и целиот плен и против лидерот Шкендија.

ДВОЈКИ – 13. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Прилеп: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Скопје: СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

ВЧЕРА

РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1

Се вчитува...