Работнички загуби и од Сараево на вториот тест во Словенија

По убедливиот пораз од Динамо Загреб (0-4) фудбалерите на Работнички доживеаја уште еден пораз за време на подготовките во Словенија, овој пат од босанскиот прволигаш Сараево со 1-2 (0-1).

Стрелец на водечкиот гол за Сараево беше Аладин Шишиќ во 23. минута од средбата по брзиот контронапад на Босанците од десната страна. По примениот гол, Работнички беше далеку подобар противник на теренот имаше и неколку убави можности за гол во првото полувреме но не успеа да ги реализира.

Во второто полувреме слична слика на теренот. Фудбалерите на Работнички во поголемиот дел поактивни на теренот со бројни напади, но Сараево е тимот кој реализира постигнувајќи и втор гол преку Рахмановиќ во 75. минута за 0-2.

Конечно добрата игра на „романтичарите“ вроди со плод во 86. минута кога Петар Петковски успеа да ги постави конечните 1-2.

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски го одигра второто полувреме во дресот на Сараево.

Се вчитува...