Работнички загуби од Поханг стилерс (0-2)

Фудбалерите на Работнички загубија со 0-2 од корејскиот прволигаш Поханг стилерс во вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.

По вчерашниот триумф над грузиски Сабуртало, денеска „романтичарите“ загубија од Поханг кој до победата стигнал со погодоците на Бразилецот Лео и јужнокорејскиот репрезентативец Ли Сеок-Хјун.

Следниот пријателски натпревар на Работнички е против белградска Црвена Звезда.

Се вчитува...