Работнички засилен и со Бугаринот Вијачки, на првиот собир и Блажевски и Кабрал

Бугарскиот интернационалец Емил Вијачки е најновото засилување за Работнички за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.

28-годишниот централен дефанзивец во редовите на „романтичарите“ доаѓа од Локомотив Софија а на македонскиот тим ќе се приклучи уште на денешниот прв собир пред стартот на зимските подготовки. Вијачки во дресот на Локомотив Софија одигра 72 натпревари за три сезони, притоа постигнувајќи и седум погодоци. Претходно во својата кариера има настапи и за Марек Дупница и Пирин Благоевград.

На првата прозивка на стратегот Жикица Тасевски денеска треба да се јават и крилниот офанзивец Дејан Блажевски кој доаѓа од Тирана, како и Бразилецот Жунињо Кабрал.

Се вчитува...