Раководството на Еурофарм Работник се реши пред стартот на подготовките да напрви промена на клупата, врачувајќи му отказ од тренерската функција на поранешниот македонски селектор Илија Темелковски. Поточно кажано, Темелковски ќе остане во клубот, но како стручен координатор на битолчани, додека челниците на Работник во најскоро време ќе го именуваат неговиот наследник како шеф на стручниот штаб, и тоа најверојатно ќе биде стратег од странство.
„Истакнатиот ракометен стручњак Илија Темелковски, кој во минатата сезона со успех ја водеше првата екипа на РК Еурофарм Работник е назначен за стручен координатор и советник во клубот. Раководството на клубот е убедено дека Илија Темелковски со успех ќе ја извршува и новата функција во клубот и ќе придонесе за уште подобри резултати на сите наши екипи. Со Темелковски на чело Еурофарм Работник се избори за учество во ЕХФ Купот, играше за Суперкуп титулата и го продолжи континуитетот на сениорската екипа. РК Еурофарм Работник наскоро ќе го именува новиот тренер на сениорската екипа“ – објавија битолчани на својата официјална веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА