Работник посакува одмазда во Лисабон

Ракометарите на Работник вечерва (19.30 часот) му гостуваат на Спортинг Лисабон во рамките од седмото коло во Лигата на шампионите. „Фармацевтите“ се надеваа на успешен дебитантски настап, но за жал првите шест кола донесоа пет разочарувачки порази, четири од нив со по еден гол разлика, што придонесе тимот на Стевче Алушовски да ги загуби сите шанси за пласман во следната рунда.

Токму затоа, целта на овие преостанати натпревари до крајот од европската авантура е да се остави што подобар впечаток, но без преголем психолошки притисок врз членовите на македонскиот вицепрвак.

„Играме против тим што важеше за фаворит во групата, а кој со многу среќа ни ја одзеде победата во Битола. Знаеме дека Спортинг е фаворит во пресрет на овој меч, но ќе сториме се за да стигнеме до изненадување“ – порачуваат од таборот на битолските „фармацевти“.

Дополнителен проблем за тренерот Алушовски е тешката повреда на десниот бек Стјепановиќ, за кого поради проблем со лигаментите на коленото оваа сезона предвреме заврши.

Се вчитува...