Работник посакува одмазда во Словачка

Паузата за репрезентативни настапи заврши, што значи и продолжување со натпреварите во Лигата на шампионите за македонските екипи. Ракометарите на Работник денеска (18 часот) гостуваат во Словачка, во обид да му се одмаздат на Татран Прешов за незгодниот пораз претрпен во Битола минатиот месец.

„Фармацевтите“ полни со самодоверба по премиерниот триумф над Кокс влегоа во тој меч, во голем дел го контролираа резултатот, но големиот пад во завршницата беше причина гостите да си заминат од Словачка. Сепак, впечаток е дека станува збор за два тима кои се релативно израмнети по квалитети, па доколку бидат на висина на задачата, Алушовски и неговите избраници можат да се одмаздат за тој неуспех.

„Тој пораз од Татран беше разочарувачки, но сам по себе е и голем мотив да возвратиме со иста мера. Максимално сме подготвени за предизвикот пред нас и веруваме дека можеме да стигнеме до триумф“ – порачуваат од таборот на Работник.

Се вчитува...