Раде Стојановиќ го презема Катар Спорт Клуб: Нов предизвик во мојата кариера

Младиот ракометен стратег Раде Стојановиќ ќе го има својот прв интернационален тренерски ангажман и ќе седне на клупата на Катар Спорт Клуб.

Македонскиот стратег по одлично завршената работа со кадетската репрезентација и освојувањето на ЕХФ шампионатот во Рига, доби шанса да води и прв клуб надвор од границите на Македонија.

„Нов предизвик во мојата понатамошна кариера. Македонија има квалитетни и добри тренери кои своите квалитети и знаење ги покажуваат и надвор. Сега ја имам и јас таа шанса. Задоволен сум од понудата и условите, останува да работам професионално и посветено како што работев и до сега во останатите мои клубови“, вели Стојановиќ за ЕКИПА.МК.

Стојановиќ во македонскиот шампионат работеше во ГРК Охрид.

Се вчитува...