Раде Стојановиќ: Победата над Пролет важна многу повеќе од три бода

Ракометарите на Охрид со победа од 26-28 над Тинекс Пролет го завршија гостувањето во Скопје, во третата рунда од ракометната Суперлига.

Тренерот на охриѓани, Раде Стојановиќ не го крие задоволството од победата на неговиот тим кој во текот на целиот натпревар го контролираше резултатот, за прва победа во плејофот.

„Сите честитки за првата победа одат на сметка од играчите. Тие ги исполнија сите задачи и цели, затоа триумфот е комплетно нивна заслуга. Задоволен сум од играта и формата која очигледно оди во нагорна линија од дуелот со Вардар. Освоените три бодови ќе ни значат многу, бидејќи допрва претстојат вистинските битки во плејофот. Ова е победа многу поважна од само три бода. Сега целосно се насочуваме кон мечевите од 1/4-финалето во Купот на Македонија и останатите предизвици во првенството“ – вели Стојановиќ.

Се вчитува...