Раде Стојановиќ пред турнирот во Струга: Чест ни е што сме во групата со Вардар

Ракометарите на Охрид од 12. до 16. август ќе бидат дел од 48-то издание на традиционалниот турнир во Струга. Во прелиминарниот сегмент ќе бидат во конкуренција со Вардар, Бутел и со Еурофарм Пелистер 2. Тренерот на охриѓани Раде Стојановиќ смета дека претстојните натпревари ќе бидат одлична можност да проверка на силите во подготвителниот период.

„Со задоволство ја прифатиме поканата да учествуваме на турнирот во Струга. Чест ние да сме во група со уште актуелниот европски првак Вардар. Ракометарите ќе уживаат играјќи покрај сите ѕвезди на Вардар и со екипите на Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2. Ќе нема некој резултатски притисок, едноставно да видиме паузата колку влијаела на играчите. Секој ќе добие своја шанса и минутажа. Ние уште сме во фаза на физичка подготовка и воопшто нема да форсираме“ – вели Стојановиќ.

На турнирот во Струга годинава со оглед на ситуацијата која е наметната од пандемијата на коронавирусот ќе се натпреваруваат само македонски екипи. Во втората група ќе бидат Металург, Еурофарм Пелистер, Прилеп и Струга.

Се вчитува...