Раде Цицмиловиќ старо-нов тренер на Беласица

Раде Цицмиловиќ повторно ќе го предводи струмичкиот прволигаш Беласица, по само шест месеци пауза. Одлуката на раководството на клубот е довербата за шефовската позиција во стручниот штаб повторно да биде доверена на Цицмиловиќ кој си замина од клубот во јули минатата година.

Како што е познато, Цицмиловиќ е стратегот кој ја внесе Беласица во прволигашкото друштво но изненадувачки потоа се повлече од кормилото на струмичани.

Цицмиловиќ се очекува наредниве денови да го преземе водството на тимот кој веќе ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Се вчитува...