Радески минува успешна рехабилитација во Даруварске Топлице (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески успешно се опоравува по тешката повредата и операцијата која ја имаше изминатиот месец. Офанзивецот на Шкендија минува успешен рехабилитациски период во Даруварске Топлице во Хрватска.

 

Марјан Радески, како што е познато, во јули заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото на мечот против ТНС во квалификациите за Лигата на шампионите. Според најавите, ќе го пропушти есенскиот дел во домашниот шампионат но се очекува максимално подготвен да се врати на терените на почетокот од зимските подготовки на тетовци.

Се вчитува...