Радески мора на операција, ќе паузира од шест до девет месеци

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески ќе ја пропушти можеби и целата претстојна сезона, откако заработи сериозна повреда на лигаментите на коленото на мечот против ТНС во квалификациите за Лигата на шампионите. Шампионот Шкендија и официјално потврди дека фудбалерот ќе мора да замине на операција на коленото, а потоа и ќе паузира долг период, од шест до девет месеци.

„Шкендија ќе биде без Марјан Радески долг период. Повредата што ја заработи на натпреварот против ТНС се покажа дека е многу сериозна. Деталните лекарски прегледи покажаа дека се скинати вкрстените лигаменти на десното колено. Ова значи дека му претстои хируршка интервенција, а потоа и долг рехабилитациски период“, објави Шкендија на својот официјален сајт.

 

Се вчитува...