Радески: Немам зборови да опишам колку сме разочарани, но можеме да го елиминираме Дуделанж

Македонскиот првак Шкендија повторно разочара со европскиот настап на домашен терен. Загуби од Дуделанж, претставникот на Луксембург, со 1-2 и многу си го отежна патот кон третото квалификациско коло во Лигата на Европа. Имаа водство, промашуваа шанси, а потоа фудбалерите на Шкендија повторно потклекнаа во вториот дел и примија два гола, идентично како и на дуелот со Номе Калју.

„Немам зборови да опишам колку сме разочарани. И не знам што се случува. Имаме шанси, а не можеме да реализираме. Имав и јас одлични шанси и потфрлив пред противичкиот гол. Но, сега треба да ги кренеме главите и да покажеме дека имаме квалитет. Можеме да го победиме Дуделанж со 0-2 во Луксембург“, порача репрезентативецот Марјан Радески.

Реваншот ќе се одигра на 30 јули во Луксембург.

Се вчитува...