Радески по седум месеци се врати на терените… (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Марјан Радески по седум месеци конечно се врати на фудбалските терени.

Радески одигра 20 минути на пријателскиот натпревар за Шкендија против Гостивар, на кој тетовци славеа со 1-0 со погодокот на Шефит Шефити.

Крилниот офанзивец беше надвор од терените по тешката повреда која ја заработи во јули минатата година за време на настапот на Шкендија во квалификациите од Лигата на европските шампиони.

Се вчитува...