„Радецки марш“ и веење знамиња: Македонското против 50.000 австриски (ФОТО)

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Австријците си прават виенски бал. Со звуците на „Радецки марш“ прекрасна најава на почетокот на мечот на „Ернст Хапел“. Австријците развеаја 50.000 знамиња, но се вееше и македонското. Ги нема премногу, но, сепак, Македонија не се предава. Како и на теренот, каде подмладената селекција ќе треба да се спротивстави на Австрија која е во налет за пласман на Европското првенство.

 

Се вчитува...