Легендата на хрватската кошарка, Дино Раџа нема дилема дека АБА лигата не ги исполнува очекувањата согласно целите за нејзиното формирање. Според Раџа, регионалното натпреварување е замислено за развој на младите кошаркари од овие простори, а се претвори во лига во која се натпреваруваат кој има повеќе пари и повеќе Американци.
„Не гледам никаква смисла за постоењето на АБА лигата за сите земји во регионот. Најголем проблем е потенцирањето на странците и ‘гушењето’ на младите кошаркари бркајќи го тоа место во Евролигата или Еврокупот. Читав дека дури 40 Американци играат во АБА лигата, и тоа се четири комплетни екипи. Па, тоа е лудост… Еден или двајца разбирам, но по пет-шест во една екипа тоа е лудост. Играат меѓу себе, и тука нема никаква корист за екипите од регионот. И да бидам искрен, не знам веќе кого таа лига го интересира. Не се сеќавам кога последен пат сум погледнал некој меч од АБА лигата“ – вели Дино Раџа во интервјуто за „Спортске новости“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА